Во рамки на успешната соработка со ЕЛС Дебар и ЕЛС Центар Жупа, жени ракотворки членки на Радика-ДЕ -Дебар и Огранокот на Радика-ДЕ-Центар Жупа изработија бренд производи автентични за културата на двете општини.
Мотив од прозорец на стара Дебарска куќа везен со свилен конец ,во рамка со позадина слика на стара дебарска улица -е бренд производот кој ја отсликува културата на Дебар.
Слика на Спомен куќата на таткото на Кемал Ататурк со рамка украсена со рачно изработен детал на турската народна носија е брендот за општина Центар Жупа .
Во изборот на производот и неговиот дизајн беа вклучени стручни лица дизајнерки и за истиот поддршка и согласност е добиена од двете општини кои покажаа интерес за соработка од што очекуваме жените ракотворки економски да зајакнат преку продажба на рачно изработените производи.
Komuna Dibër – Municipality of Debar – Општина
Merkez Jupa Belediyesi – Општина Центар Жупа









