Интервју на Бенази Шемовска за ПИНА

Жените во Центар Жупа ќе добијат мултифункционален женски центар. Проектот е филантропска акција и истата е поддржана и иницирана од страна на организацијата „Акција Здруженска“, а здружението „Радика-ДЕ“ е организацијата која работи на опремување на центарот.

Претседателката  на огранокот на „Радика-ДЕ“ во Центар Жупа, Бенази Шемовска вели дека целта на овој проект е заедно со локалните кружоци да се оформи центарот кој ќе биде во состојба во каква ја имаат замислено жените, односно да можат да се социјализираат и да можат да изработуваат нешто со кое економски ќе имаат бенефит од сработеното.

Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.

Scroll to Top