Во рамките на проектот „Природата е нашето богатство“, на 28.12.2024 год. беше организирана фокус група со млади од повеќе населени места во Општина Центар Жупа. Целта на оваа активност е подобрување на социо-економските услови на локалните заедници преку зачувување на природата и одржливо искористување на природните ресурси.
Овој проект е поддржан од Фондација ЦНВП како дел од иницијативата „Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“.
Фокус групата создаде можност за дискусија и размена на идеи помеѓу младите за тоа како најдобро да се заштити природното богатство на регионот и да се искористат ресурсите на одржлив начин.




