Фокус група со жени во Дебар: Природата е нашето богатство

На 16 декември 2024 година, во Дебар, успешно беше организирана првата фокус група со жени, во рамките на проектот „Природата е нашето богатство“. Целта на оваа активност беше подобрување на социо-економските услови на локалните заедници преку зачувување на природата и одржливо искористување на природните ресурси.

Фокус групата овозможи простор за размена на искуства и идеи за ефикасно користење на природните богатства во функција на одржлив развој и зајакнување на економските можности на жените.

Проектот е поддржан од Фондацијата ЦНВП во рамките на програмата „Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“.

 Овој настан претставува значаен чекор кон поттикнување на активна вклученост на жените во зачувувањето на природата и развојот на локалните заедници.

Scroll to Top