Во рамките на проектот „Природата е нашето богатство“, во Дебар на 23.12.2024 се одржа фокус група на тема: перцепцијата на младите за природните ресурси и нивното искористување. Дискусијата опфати повеќе прашања, меѓу кои: колку младите се одговорни во своето однесување кон природата, дали им е потребна дополнителна едукација и подигнување на свеста, и колку се подготвени да учествуваат во локални иницијативи за заштита на животната средина.
Оваа активност е дел од напорите за подобрување на социо-економските услови на локалните заедници преку зачувување на природата и одржливо искористување на природните ресурси. Проектот е поддржан од Фондација ЦНВП во рамките на иницијативата „Одржливо искористување на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“.
Фокус групите се покажаa како ефикасен начин за вклучување на младите и слушање на нивните идеи, потреби и предлози. Резултатите од овие дискусии ќе послужат како основа за идни активности насочени кон подигнување на свеста и ангажирање на младите во заштитата на природата.
👉 Останете во тек со нашите активности и придружете ни се во заедничката мисија за зачувување на природните богатства!




