Успешно завршен Новогодишниот базар „Вредни раце, силна заедница“

Во прекрасната атмосфера на село Бањишта, Дебарски бањи Цапа, на ден 27.12.2024 год. се одржа Новогодишниот базар „Вредни раце, силна заедница“. Настанот ги обедини жените од различни етнички заедници и култури, кои имаа можност да промовираат уникатни рачно изработени производи како традиционална храна, ракотворби, новогодишни сувенири, плетени шалови и капи, билни чаеви, рачно изработен накит и многу повеќе.

Настанот беше одлична платформа за размена на искуства, инспиративни приказни и поддршка. Жените слушнаа успешни примери од оние кои веќе водат свој бизнис, како и од оние кои се во процес на започнување. Тие отворија дискусии за предизвиците и можностите во нивното економско јакнење.

На базарот се зацврсти соработката со нашите долгорочни партнери, како GIZ Zeni Свети Николе, а добивме и поддршка од сродни организации од соседна Албанија, кои го збогатија настанот со своето присуство и искуства.

Изразуваме голема благодарност до сите посетители за покажаниот интерес и поддршката, како и на нашите долгогодишни партнери од Банјите Цапа Баништа -Дебар, со кои ја градиме оваа успешна соработка.

 Оваа активност е дел од годишната програма на Радика Де, финансиски поддржана со институционален грант од Акција Здруженска и Квина Тилл Квина.

Scroll to Top