На 25 септември 2023 година, Центар Жупа доби нов простор полн со енергија и ентузијазам – просторот за Огранокот на Радика-ДЕ официјално ги отвори своите врати за жителите на општината и за активните жени кои се движечка сила во локалната заедница. Ова значајно отворање беше проследено со јавна дебата на тема „Важноста од граѓанско учество во рурална општина“, каде присутните имаа можност да дискутираат за своите идеи и да откријат начини за поддршка и заедничко делување.
Просторот, поддржан од „Акција Здруженска“, „Квина Тилл Квина“, НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“ поддржан од ЕУ, како и Општина Центар Жупа, има посебно значење за жените од регионот. Тој ќе биде нивно место за собирање, едукација и иницијативи, каде ќе се одржуваат работилници и настани што ќе го подигнат нивниот глас и ќе ги поттикнат нивните идеи.
Преку овој простор, секој собир и настан ќе биде нова можност жените да се здружат, да ги развијат своите вештини и да создадат промени во својата заедница. Дебатата ги инспирираше присутните да размислуваат за важноста на учеството во општествените процеси и им го покажа патот кон активно и значајно делување. Овој нов простор во Центар Жупа односно Женскиот Центар е место на соработка, иновации и заеднички успех, носејќи надеж дека заедницата ќе се развива преку сплотеност и заеднички напори за подобро утре.






