РОДОВА ДИМЕНЗИЈА НА ПОЛИТИКИ ВО ФОКУС – ЈАКНЕЊЕ НА РЕЗИЛИЕНТНОСТ ВО ПОСТ-КОВИД ПЕРИОД

Креирање и застапување родово – сензитивни политики, јакнење на жени од маргинализирани заедници, родова еднаквост, креирање и застапување политики засновани на податоци, анализа на политики и проценка на потреби, пост-ковид општествено заздравување


Времетрање:

Извор на финансирање: Во партнерство со Акција здруженска и програмата на Цивика Мобилитас

Општа цел: Општа цел Да придонесеме кон пост пандемиско закрепнување на општеството преку засилено граѓанско застапување на родовата еднаквост фокусирано на скроени пристапи на централните и локалните власти за јакнење на отпорноста на жените како најпогодена категорија граѓани, со посебен фокус на етнички и социјално маргинализираните категории.

Специфични цели:

  1. Да се креираат алијанси во облик на платформи на координација на организации што ќе застапуваат родово сензитивни социо-економски политики во услови на постковид општествено закрепнување, со интерсекциска вклученост на етнички и социјално маргинализираните жени.

Очекувани резултати:

Р.1 Да се направи проценка на социо-економските потреби на жените и граѓанските организации кои работат на прашањата на родовата еднаквост во постковид контекст, потпирајќи се на студиите на UN Women, NDI, како и официјалните статистички податоци кои говорат за диспропорционалната економско-социјална погоденост на женското население и документи на јавни политики.
Р.2 Да се создадат нови модели на политики за родовите прашања како дел од приоритетите во креирањето социо-економски политики прилагодени на постпандемискиот контекст, со фокус на жените како policy категорија разбрана на начин кој е вклучувачки за сите модалитети на родова позиционираност.
Р.3 Да се развива модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво во контекст на постковид општествено закрепнување, и со интерсекциска вклученост на етнички и социјално маргинализираните.

Scroll to Top